Во Македонија нема точна статистика за младите кои се жртви на малтретирање од свои врсници, феномен меѓународно познат под англиското име „булинг“. Но, утврдено е дека од ден на ден станува сè позагрижувачки феномен. Најпогодени се децата од основно и средно образование. Од амбасадата „Меѓаши“ алармираат дека децата ретко сакаат да зборуваат за тоа од срам или поради страв дека утредента ќе им биде уште полошо.

Некои средношколци веќе започнаа активности против булингот. Под надзор на психолози, се обидувата да им ги решат проблемите ан некои од нивните врсници кои биле или сè уште се жртви на оваа појава.

Според психолозите, булингот е психолошко или физичко насилство каде како најчеста причина се начинот на облекување, изгледот, однесувањето, боја на кожата, успесите или неуспесите на некој соученик. Детето кое страда од оваа појава, меѓу другото ја губи целата самодоверба и реагира агресивно. Психолозите алармираат дека ако булингот не се забележи на време, последиците може да бидат фатални за жртвата.

 

Мелихате Рустеми

Loading...

Shpërndaj me

Loading...