Малолетно лице е повредено кога доцна синоќа два автомобила се судриле на паркиралиште на булеварот „АСНОМ“ во скопската населба Аеродром.

Според полицискиот извештај:

На 15.08.2019 во 22,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на  булеварот „АСНОМ“, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(34) од с.Сингелиќ-скопско и патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И. (50) од Скопје, а  при тоа било удрено малолетно лице (пешак) од Скопје, кое е пренесено во ГОБ „Св. Наум Охрдиски“, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...