Францускиот претседател, Емануел Макрон, ги предупреди земјите од Европа дека повеќе не може да очекуваат САД да ги заштитуваат членките на НАТО алијансата.

„Она што моментално се случува е клиничка смрт на НАТО, а Европа е „на работ на пропаст“, вели Макрон во своето интервју за британското списание „Економист“.

Во интервјуто направено на 21 октомври францускиот претседател оценува дека Европа мора да размислува стратешки, како геополитичка сила, во спротивно, како што вели „повеќе нема да може да ја контролира својата судбина“.

„Крајно време е Европа да се разбуди“, подвлекува Макрон.

Дополнително, во своето интервју францускиот претседател проценува дека Европа се наоѓа во еден вид „токсична мешавина“ анализирајќи дека, од една страна, за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп, Европа се соочува со американска администрација којашто не ја споделува идејата на европскиот проект, а истовремено е исправена и пред подемот на Кина и авторитарните режими во Русија и Турција.

„Од друга страна, Европа е внатрешно ослабната од Брегзит и од политичката нестабилност“, предупредува Макрон.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...