Францускиот претседател Емануел Макрон изрази подготвеност да се согласи со почетокот на преговорите со Скопје, само доколку во следните шест месеци се реформира постапката за проширување и се продолжат внатрешните реформи. Но, тој се противи на други зачленувања во Унијата, без суштинско реформирање велејќи дека ЕУ се наоѓа на работ на бездна. Макрон дури смета дека земјите членки на ЕУ не може повеќе да се потпираат на Соединетите Американски Држави за да ги одбранат сојузниците на НАТО сметајќи дека Алијансата е клинички мртва. Овие изјави Макрон ги даде за британското списание „Економист“.

 Емануел Макрон, француски претседател

Доколку се направат реформи во следните месеци јас сум подготвен да се започнат преговорите. Но, не сакам никој да стане член без да ја реформираме ЕУ.

Ние актуелно ја доживуваме „клиничката смрт“ на НАТО.

Европа е на работ на бездна и треба да почне да размислува за себе на стратешки начин како геополитичка сила, инаку ние нема да ја имаме веќе под контрола нашата иднина.

Макрон додава дека Европа станала како пазар каде веќе нема политика за иднината. Како логично решение тој ја гледа инвестицијата на странските компании во земјите аспиранти, а самото отворањето на бирократските процеси, како апсурдно. Премиерот Зоран Заев, и натаму верува дека реформирањето на постапката за членство и почетокот на преговорите можат да одат паралелно.

Во Европскиот Парламент, комесарот во заминување за проширување на ЕУ Јоханес Хан, кој е меѓу најголемите поддржувачи на евроинтеграцискиот процес на земјава, го одржа последниот говор пред пратениците. Тој се надева дека грешката на Советот на Европа од последниот самит ќе биде разгледана.

 Јоханес Хан, еврокомесар во заминување

„Ние дадовме гаранција дека кога ќе се исполнат критериумите ќе започнат преговорите. Ние не ги исполнивме нашите ветувања и се надеваме дека оваа одлука повторно ќе се разгледа“

 Европскиот парламент вчера го избра и првиот известувач за Македонија, бугарскиот европратеник Илхан Ќукук, наместо Иво Вајгл.

Fatlume Dervishi

Loading...

Shpërndaj me

Loading...