Претседателот на Франција, Емануел Макрон, рече дека Европа треба да разговара со Русија и најави содржински разговор во наредните денови со рускиот претседател, Владимир Путин.

„Европа во која јас верувам, со мултиполарноста за која се борам, треба да гради со Русија нови правила на доверба и безбедност и не треба да се договара само со НАТО. Правилата треба да се градат помеѓу Европа и Русија“, изјавил Макрон во своето интервју за швајцарската телевизија РТС.

Потсетуваме дека во јапонскиот град Осака, на 28 и 29 јуни ќе се одржи самит на групата Г-20.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...