Македонската академија на науките и уметности ќе се обиде да ги нормализира односите со  Бугарската академија на науките по заладувањето на релациите меѓу академската јавност откако БАН порача дека македонски јазик не постои. На редовното годишно собрание на МАНУ претседателот на Академијата, Коцарев  се осврна и на ликот и делото на Гоце Делчев.

„Во 2020 година, без разлика на недоразбирањата што ги имаме со БАН во 2019 година, МАНУ ќе ги преземе неопходните чекори (иницијативи, дијалог, приоритети, проекти) за да се хармонизира соработката со БАН. Гоце Делчев игра важна улога за формирањето на идејата за „македонски народ“, на чувството за македонска политичка лојалност, ограничена од соседните балкански држави, стигнувајќи и до разгледувањето на „автономијата на Македонија“, како алтернативен политички проект, спротивност на „Санстефанска Бугарија“, рече  Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ.

Претседателот на македонската комисијата која преговара со бугарската, Драги Ѓоргиев,  вели дека меѓу членовите  има контакти но,  дека во наредните три – четири месеци поради предизборниот период ќе паузираат.

„Јас сум умерен оптимист во однос на изнаоѓање на решенија. Ние имаме мрднато во некои погледи за Гоце Делчев, за учебниците полесно одат работите, но потребно е време и оставање на самата Комисија да решава за некои работи без политички притисок“, рече Драги Ѓоргиев, претседател на Комисијата за преговори со Бугарската комисија.

„Се образувале во Софија и на бугарски јазик, немало друг јазик. Гоце Делчев е над историска личност, наднационална. Никој не може ни да ми го даде ниту да ми го земе јазикот ниту една соседна држава ниту една академија“, рече Радован Павловски, академик.

Досега комисите се сретнаа 8 пати. Последната беше во Софија минатата година во ноември.

Весна Велкова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...