Тројцата македонски атлетичари, Жикица Ивановски, Игор Пирковски и Игор Јовановски го истрчаа ултрамаратонот околу Мон Блан. Неверојатно тешката делница во должина од 171 километар, не успеаја да ја завршат други двајца македонски атлетичари. Во конкуренција беа околу 2.500 учесници, а македонските на целта влегоа заедно и се пласираа од 357-то до 359-то место. Станува збор за една од најпрестижните трки во ултрамаратонско трчање на светско ниво. Патеката минува низ три држави – Франција, Италија и Швајцарија и преку многуте планински превои таа го заобиколува масивот Мон Блан. Стартот и финишот се во центарот на Шамони.

Loading...

Shpërndaj me