Месечните примања не се единствениот метод по кој се мери животниот стандард на граѓаните. Низа сегменти се потребни да се развиваат континуирано за етапно да се подобрува квалитетот на живот на граѓаните, вели за Алсат универзитетскиот професор  Никица Мојсоска Блажевски. Секако,  за подобар живот потребно е граѓаните да имаат зголемени  финансии, но тоа може да се овозможи само со економски резултати на државата, кои се добиваат од успешно функционирање на стопанството.

„Не сме задоволни, сите ние граѓаните, меѓутоа сметаме дека треба да се работи во неколку клучни области. Прво би рекла образованието, иако е тоа што се реформира на долг рок, меѓутоа мора да го подобриме квалитетот на образованието. Да создаваме квалитетни идни работници, тие само ќе не однесат кон – да речам до повисок економски просперитет. Понатаму мораме да работиме на иновации, на животната средина и подобрување на деловното опкружување“, рече Никица Мојсоска Блажевски,  универзитетски професор.

Граѓаните, барем оние кои ги анкетиравме велат дека ситуацијата не е добра. Се обидоа да пронајдат зборови за да не бидат премногу критични. Но искрено сметаат дека квалитетен живот во Македонија имаат само мал дел на граѓани.

Јас имам среќа да штедам но не да мизерувам. Генерална оценка, кога ги гледам вака цените, тие горе-доле се стабилни но ама количината на тоа што сте го купиле се намалува…“

„Под 25 илјади денари мислам дека никој не може да опстане. Сметките за комуналии се само околу 15 илјади денари, струја вода, сите имаме телефони. А, каде е облекувањето храната…“

„Сам ја креирам живеjачката, размислувам доста за околината. Инаку имам една мисија, како да направиме од ова пријатно катче за живеење“, реагираат граѓаните.

Државната статистика пресмета дека просечната плата во земјава изнесува нешто над 25 илјади денари, но граѓаните велат тоа е само на хартија, а во реалноста е сосема друго. Пресметката на синдикатот пак е дека за едно четири члено семејство за основните животни потреби му се 32 500 денари. Во споредба со стандардот на граѓаните на државите членки на Европската унија, македонскиот стандард е само една третина од тоа што тие го уживаат.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...