Од Македонската берза и сите учесници на пазарот на капитал од власта побараа да се одложи оданочувањето на капиталните добивки. Доколку даночната реформа стартува од почетокот на идната година, тоа драстично ќе влијае врз одлуките за инвестирање на бизнисмените, тврди директорот на Македонска берза Иван Штериев.

„Реакции од инвеститорите знаете сите дека има, нормално кога од нула доаѓате на некој процент да се оданочува, реакциите се негативни….“, вели Иван Штериев, директор на Македонска берза.

И покрај тоа што неколку пати, не само берзанските работници го кренаа гласот против оваа реформа, туку и голем дел од бизнисмените, банкарите, и стопанските коморите, изразуваа несогласување по најавите дека власта планира да ги оданочува капитални добивки на граѓаните. Сепак, вицепремиерот за економија Кочо Анѓушев денеска рече дека сè уште нема слушнато оти се бара одложување на стартот на законот.

„Јас прв пат го слушам ова од вас. Ако тоа било денеска побарано ќе го разгледаме со внимание се разбира како и сите други прашања кои доаѓаат од коморите и стопанството“, рече Анѓушев.

Од први јануари 2020 година предвидено е со 15 отсто да се даночат капиталните добивки на граѓаните како што се девидендите, добивките од игри на среќа и приходи по основ на кирии.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...