На 17 април се очекува Македонија да добие безусловна препорака за започнување на преговорите за членство во ЕУ. Според информациите, извештајот за напредокот на Македонија кој ќе го објави официјален Брисел е еден од најпозитивните во последните године. Во него се вели дека штетата која е направена изминатите години не може да се поправи преку ноќ, но Македонија ја надминала длабоката криза и структурните реформи се комплексен процес што може да траат.

За понатамошен напредок, важно е реализирањето и продлабочувањето на процесот за спроведување на итните приоритетски реформи. Сепак, како што дознава Алсат, има одредени земји- членки кои се скептици за напредокот на Македонија, истакнат во извештајот.

Најкритичните прашањата за сите земји од Западен Балкан, како и во претходните, но и во овој извештај, остануваат владеењето на правото, организираниот криминал и корупцијата.

ЕК го повтори во неколку наврати изразот „заробени држави“ за земјите од Западен Балкан. „Јавната администрација во земјите од регионот останува слаба и малку или воопшто нема напредок во областа на слободата на говор“, се вели понатаму во извештајт.

Билатералните односи и понатаму се главната пречка во процесот на евроинтеграциите додека, како што се соопштува, во изминатиот период не е постигнат никаков резултат за решавање на отворените прашања помеѓу соседите.

Позитивни оценки, како што соопштува Радио Слободна Европа доби и Албанија. Извештајот за Косово подвлекува дека започнатите реформи се забавени. За Црна Гора се наведува дека има напредок само на хартија, додека забавување на реформите е констатирано за Босна. На Србија ќе и се препорача дека во ЕУ може да се стигне со реформи и со дијалог.

Фатлуме Дервиши

Shpërndaj me

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com