Странските инвеститори во земјава со месеци чекаат нивни експертски тимови да добијат работна виза за престој во земјава. Иако сме отворена мала економија со многу инвестиции од странство, затворени сме за давање на работни визи, констатираат од Стопанската комора на Македонија. Често пати стучните лица кои доаѓаат од други земји биле одбивани со образложение дека таков кадар во земјава веќе има.

„Визниот режим за дозволите во Македонија е катастрофа. Ние сме една од  најтешките држави во која треба да може да се добие работна дозвола. Луѓето се скоро како илегалци и покрај тоа што се донесени со добра волја на инвеститорите поминиуваат низ тешки процедури“, рече Антони Пешев- Стопанска комора.

Проблем за странските инвеститори е и честото менување на законите, нешто што им предизвикува несигурност. Тоа го потенцираат и дел од странските амбасадори во Скопје.

„Постојат неколку критични точки за кој италијанските компаниите се пожалиле, често се среќаваат со долги и комплицирани бирократски процедури кои не секогаш се јасни, како и со недостиг на квалификувана работна сила. Се разбира трета област за која се жалат странските компании е владеењето на правото“, рече Карло Ромео- Амбасадор на Република Италија.

Голем проблем при вадењето на работни визи за своите работници во минатото имаа и некои турски и кинески фирми кои во Македонија работат на проекти во градежништвото.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...