Македонската ракометна репрезентација на првото место ги заврши квалификациите за ЕП 2020 кое ќе се игра во Австрија, Норвешка и Шведска. Во ждрепката ќе биде сместена во вториот шешир. Првата фаза ќе се игра во Грац, Виена, Трондхајм, Малме и Гетеборг. Главните рунди ќе бидат во Виена и Малме, а полуфиналето и финалето ќе се игра во Стокхолм. Ждрепката ќе се одржи на 28. јуни во 18:45 часот во Виена. Македонија ќе биде во вториот шешир во кој уште се Норвешка, Словенија, Германија, Унгарија и Белорусија. Ќе има шест групи со по четири репрезентации. Организаторите имаа право да си одберат група, а ЕХФ уште сега ги распореди и Хрватска, Германија и Данска. Добрата вест е што Македонија сигурно нема да игра во Норвешка, бидејќи од вториот шешир Германија и Данска ќе играат во групите Ц и Д во Трондхајм кој е најдалечен град за македонските навивачи. Нашата селекција може да игра во Грац, Виена, Малме или Гетеборг. Првите две селекции од секоја група ќе се пласираат во една од двете главни групи кои ќе бидат составени од по шест репрезентации. Првите и вторите од тие групи ќе играат во полуфиналето во Стокхолм.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...