Спорот за името беше главната пречка за членството на Македонија во НАТО. Ова беше истакнато на сите самити на Северноатлантската алијанса. Во Букурешт, на 2, 3 и 4 април 2008 година, државните водачи очекуваа да добијат покана за членство, иако прелиминарните пораки не даваа голема надеж за тоа.

„Во рамките на Обединетите нации, многу актери работеа напорно за да го решат прашањето за името, но Алијансата жали што овие разговори не дадоа успешни резултати. Затоа, како шефови на држави и влади ние се согласивме дека поканата за поранешната југословенска Република Македонија ќе биде одложена додека не се најде заедничко и прифатливо решение за името“, рече тогашниот генерален секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер.

„Прашањето за името треба брзо да се реши за Македонија да биде  дел од НАТО што е можно поскоро“, велеше Џорџ Буш, поранешен претседател на САД.

Грција во неколку наврати се заканила дека ќе стави вето на Македонија. Последниот предлог на ОН за решение пред самитот беше „Република Македонија (Скопје)“, кој бил отфрлен од страна на Грција, поради употребата на терминот Македонија. Официјално Скопје ги негираше територијалните претензии кон Грција, земајќи го предвид Уставот кој ја исклучува оваа можност.

Во договорот потпишан меѓу страните во 1995 година, Атина се согласи дека нема да го попречува членството во меѓународни, мултилатерални и регионални организации на Македонија под акронимот „ФИРОМ“. Сепак, од друга страна, Грција веруваше дека земјата ќе се обиде да биде признаена под уставното име откако ќе стане дел од организациите. Според политичарите во Скопје, Атина, која имаше ставено вето на членството на Македонија, веќе го прекршила договорот.

На 5 декември 2011 година Македонија поднесе тужба пред Меѓународниот суд на правдата за оваа одлука на Грција. Судот пресуди дека Грција го прекршила договорот. Тридневниот самит во Букурешт донесе добри вести за Албанија и Хрватска, кои добија покана за членство.

Фатлуме Дервиши

Shpërndaj me