Бектеши и Шала се согласија, трговските бариери ќе се отстранат под услов двете држави да ги исполнат потребните обврски. Косовската агенција за храна до петок ќе треба на македонската агенција за храна да и достави извештај од спроведената програма за следење на производите, конкретно за икрата и материјал за порибување од Косово.

Додека се чека одговорот од македонската агенција за храна дали икрата од Косово ќе може да се увезува во нашата држава, трговските бариери ќе си останат. Косовскиот министер за трговија Ендрит Шала дециден, се додека Македонија не ја отстрани бариерата за риби, нема да се укине реципроцитетот за медот и компирот.

Ние како Влада на Косово и министерство и како Агенција денес се согласивме дека нашата Агенција ќе испрати дополнителни гаранции за Македонија, нешто што Косово не е обврзано да ги има во другите земји потписнички на ЦЕФТА. Нашата ветеринарна агенција до петок ќе и обезбеди на ветеринарна агенција на Македонија, за активната програма за набљудување со цел на АХВ во Македонија да и биде полесно производот да го пушти во продажба во ЕУ. АХВ во Македонија се очекува оваа недела да ја отстрани забраната за Косово, но штом двете страни ќе го завршат ова, тогаш ќе ја укинат мерката наметната и од нас како Министерство – рече Ендрит Шала, министер за трговија на Косово.

Ваква мерка за забрана за увоз на икра, според министрот Крешник Бектеши не е превземена само за Косово, туку и за сите останати земји кои не го спороведуваат потребниот мониторинг на рибните производи.

Како министер за економија, кажавме зошто Северна Македонија презеде таква мерка, мерката не е донесена само за Косово, туку за сите земји кои не спроведуваат активна програма за набљудување на рибните производи. Северна Македонија е сигурна и очекуваме започнување на преговори со ЕУ во октомври, ние сме обврзани да ги спроведеме овие мерки, бидејќи сме презеле конкретни обврски. Откако АХВ на Косово ќе докаже дека ќе започне со спроведување на програмите, тогаш ќе дозволиме увоз на овие производи во нашата земја. Соработката за нас е во интерес на развојот и продлабочувањето. Ние го поддржуваме Косово во сите меѓународни инстанци -рече Бектеши.

Според податоците од земјава во Косово годишно се извезува 1.000 тони компири а извозот на мед е во вредност од околу 400.000 евра годишно.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...