Северна Македонија е за прв пат претставена на состанокот на Северноатлантскиот совет во НАТО. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја охрабри Македонија да преземените чекори на патот кон членството, додавајќи дека земјата ќе стане 30 – тиот член по ратификацијата на протоколот од страна на земјите членки на политичко воената алијанса.

„Задоволство е што нема да ве викам со долгото име, туку со новото име на вашата земја Република Северна Македонија. Ова е историски момент за сите нас, па затоа ја цениме посветеноста и успехот во целосната имплементација на Договорот, на вас и на вашето владино раководство. Видов дека вчера го кренавте знамето на НАТО пред владата и ние ќе го сториме истото со подигање на вашето знаме надвор, пред седиштето на НАТО, заедно со 29 други земји“, рече Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска истакна дека Северна Македонија е подготвена активно да учествува во активностите на НАТО по полноправното членство.

Во моментов, протоколот за членство на Македонија во НАТО е во парламентите на земјите членки. По ратификацијата на преостанатите 27 членки на Алијансата, Македонија ќе стане 30-  та членка на НАТО.

Адриан Керими

Loading...

Shpërndaj me