Еден од десет корисници на социјалните мрежи покажува знаци на депресија. На Светскиот ден на менталните проблеми, депресијата е наведена дека е на прво место на ментални заболувања, кои често завршуваат со самоубиство. Во Македонија, најпогодени од оваа болест се лица од 15 до 24 години како и возраста по пензионирање. СЗО овој ден го одбележува под мотото „Спречи самоубиство“ бидејќи како во светски рамки, така и во Македонија, најчести се обидите за самоубиство отколку самиот трагичен крај. Лани во Македонија 121 лица си го одзеле животот.

Здравствените власти велат дека е важно раното детектирање на болеста, која помага во нејзино целосното елиминирање.

Во светски размери, 800 илјада лица секоја година се самоубиваат, што значи една личност на секои 50 секунди. Инаку, на психијатриската клиника во Скопје моментално се хоспитализирани над 50 пациенти со разни ментални проблеми додека на месечно ниво во оваа клиника се прегледуваат околу 1.200 пациенти.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...