Мадрид ги спои делата на најголемите уметници на изложбата насловена „Уметничките револуционери на 20-от век“. Изложбата содржи 180 дела од познатата суреалната Дада уметност, вклучувајќи го Рене Магрите, Марсел Дишан и Салвадор Дали, кои со нивните дела го срушија традиционалниот начин на размислувања и предрасудите. Дадаизмот и Суреализмот беа две големи уметнички движења во 20 век кои го променија уметничкото изразување и кои имаат за цел два елементи: слободниот дух и изразувањето на човечката имагинација.

„Дада е меѓу првите движења, или подобро кажано првата бидејќи почнува со перформанс, филм, фотографија, монтажа и така натаму. Тука не се опфаќа само сликањето или скулптурата туку и други елементи. На изложбата се прикажани делата заедно за да се создаде револуционерен дух“, изјави Адина Камиен- Каждан куратор

Делата се изложени во шпанската престолнина од разни светски музеи. Инаку, изложбата во Мадрид доаѓа по премиерата во Болоња, Италија.

Шефкије Аласани

Shpërndaj me

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com