Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку изјави дека „немал енергија“ да остане во Манчестер Јунајтед, иако Оле Гунар Солскјер сакал да остане на „Олд Трафорд“ пред да се пресели во „нероазурите“.

Трансферот на Белгиецот во Серија „А“ минатиот август стави крај на неговиот двегодишен престој во Јунајтед, кој привлече сериозни критики за неговиот настап со дресот на „црвените ѓаволи“, особено во втората сезона.

– Лоша година може да му се случи на секој. И мене ми се случи. Беше јасно дека немав иднина во Јунајтед. Ситуацијата не беше лесна и морав да донесам одлука. Сакав да одам некаде да работам со тренер кој навистина ќе се потпира на мене. Во Јунајтед настојуваа да останам, но реков дека е готово. Сега тимот оди на вистински начин, зема добри играчи и им посакувам се најдобро. Би било многу детски да покажам непочитување кон мојот поранешен клуб. Вистината е дека бев многу блиску до Јувентус, но моја желба цело време беше да одам во Интер со Антонио Конте. Тој сакаше да дојдам уште додека ги водеше Челзи и Јувентус.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...