Луис Енрике, во следните две години ќе биде селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија. Тој доаѓа на местото на Жулиен Лоптеги кој беше отпуштен еден ден пред почетокот на Светското првенство во Русија. Официјалната презентација на Енрике се планира за следната недела, а првиот натпревар со репрезентацијата ќе го има на 31 август против Англија.

„Договорот на Луис Енрике за следните две години како селектор на Шпанија едногласно беше одобрен од страна на одборот на директори. Има целосен договор за тоа име и се разбира следната недела тој ќе биде претставен“, рече Луис Рубиалес – преседател на ФФ на Шпанија.

Shpërndaj me