Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, по неформалната вечера на лидерите на земјите од регионот, соопшти дека е постигнат договор со српскиот претседател, Александар Вучиќ за отворање на границата Лојане- Миратовац. Османи на Фејсбук најави дека Србија ќе го усвои меморандумот за отворање на преминот.

„Добра вест. Само што се договоривме со српскиот претседател за границата Лојане- Миратовац. Вети дека веднаш и Србија ќе го усвои меморандумот за отворање на граничниот премин, со што можат да почнат подготовките“, пишуваше Османи на Фејсбук.

Сепак, ова тврдење на вицепремиерот Османи остана без потврда од српскиот претседател Александар Вучиќ. На прес-конференцијата на регионалните лидери, не дозволија за повеќе прашања. Отворањето на граничниот премин Лојане-Миратовац е актуализирано по обезбедување на норвешки средства за отворање на граничниот премин. Според предлогот, граничниот премин ќе биде само за движење на граѓаните, додека предвидено е и ограничено движење во текот на летниот и зимскиот период. Но, за отворањето на оваа точка, треба и Србија да потпише меморандум. Пред извесно време, српскиот премиер, Ана Брнабиќ изјави дека работните групи заклучиле дека нема економска корист за отворање на ова граница.

„Отворањето на границата Лојане – Миратовце нема корист и нема никаква економска смисла за да се отвори. Нема политичка дилема или е прашање на преговори, тоа едноставно не е наш приоритет “, изјавуваше Ана Бернабиќ, премиер на Србија.

Прашањето на граничниот премин Лојане-Миратовце се актуализира пред секој изборен циклус и со години е едно од главните ветувања на ДУИ.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...