Севилја го ангажираше Лопетеги за нов стратег, а поранешниот тренер на Реал Мадрид за еден од приоритетите кога станува збор за засилувањата на играчкиот кадар го побара македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Директорот Мончи токму затоа ги мина последните два дена во интензивни преговори со Фенербахче, а според туските медиуми била испратена и официјална понуда до турскиот гигант за услугите на „македонскиот дијамант.

Понудата на Севилја изнесува 15 милиони евра плус Симон Кјаер, за кого ова би било враќање назад во клубот за кој настапуваше од 2015 до 2017 година. Данецот се користи како „мамец“ во периодот во кој Фенер е во потрага по квалитетен дефанзивец. Покрај тоа, Севилја нуди и 10 проценти од наредниот трансфер на Елмас, додека барањето на Демијан Комоли како преговарач за Фенебахче е 20 проценти од наредниот трансфер.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...