Лицата со посебни потреби се соочуваат со големи проблеми при реализирање на нивното право на гласање во изборните процеси во земјава. Тие имаат проблем да стигнат до гласачките места и проблем со изборниот материјал. Невладините организации од институциите бараат да обезбедат исти права и за оваа категорија граѓани. Едно истражување на граѓанскиот сектор покажа загрижувачки податоци во овој аспект.

Од ДИК информираа дека измените на Изборниот законик предвидуваат да се дефинира и оваа проблематика.

Ги имаме во предвид измените во Изборниот законик каде се споменуваат и лицата со посебни потреби и им се наложува на изборните органи да обезбедат пристап до гласачките места“, изјави Адмир Шабани, портпарол на ДИК

Државната изборна комисија и здружението “Инклузива“ денеска потпишаа договор за соработка преку кој ќе се поддржи спроведување на правата за лицата со посебни потреби во сите фази на изборниот процес. Но, ДИК моментално функционира без своите членови кои се во оставка. Именувањето на новите членови зависи од разговорите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Вјолца Алити

Shpërndaj me