Министерството за здравство достави Листа на дијагнози на хронични состојби, добиени во консултација со директорите на Клиниките за ендокринологија, пулмологија, кардиологија и нефрологија, за лицата кои се ослободуваат од работа поради коронавирусот.

Во врска со утврдените категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:

-Хронични респираторни заболувања:

ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44
Астма – J45
Интестицијална фиброза – Ј84

-Тешки кардиоваскуларни заболувања:
Срцева слабост со EF<40
Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци
Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија
Тешка аортна и митрална стеноза
Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци
Инплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци
Длабока венска тромбоза до 3 месеци

-Дијабетес мелитус:
Диајабетес тип I
Диајабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ

-Сите малигни заболувања – C00-C97

– Имунокомпромитирачки состојби:

Состојба по трансплантација на бубрег – Z94.0
Хроничен нефротичен синдром – N04.9
Интермитентна хемодијализа – Z99.2
Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00
Некротизирачки васкулопатии, системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31-M34.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...