Денешното рочиште за „Ликвидација“ е одложено поради болест на поротничката во Судечкиот совет. Адвокатите на новинарот Томислав Кежаровски и дел од останатите обвинети во случајот за убиството на старецот од велешкото село Ораше, побараа обвинителството да го прочисти обвинителниот акт, сметајќи дека кривичните дела за кои се товарат, се веќе застарени.

Претходно, Врховниот суд ја укина пресудата за „Ликвидација“ и предметот го врати на повторно судење. Кежаровски е обвинет за објавување на идентитет на заштитен сведок. Следното рочиште е закажано на 3 септември.

„Од ова судење само очекувам праведност и правичност. Се надевам дека доколку се исполнат тие два услови дека со адвокатот ќе ја извојуваме победата“, рече Кежаровски.

„За Кежаровски делото е застарено и очекувме во таа насока обвинителството да реагира. Тоа ќе зависи од реакцијата на Јавното обвинителство бидејќи треба да утврди за кој од нив е настапена застареност и ќе видиме дефинитивниот број пред почетокот на идното рочиште“, изјави Филип Медарски – адвокат на Кежаровски.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...