Лидерот на „Самоопределување“, Албин Курти прогласи победа на предвремените парламентарни избори во Косово. На прес конференцијата тој рече дека победата ја објавува како нов премиер на Косово.

„Новата влада мора да го надомести изгубеното време. Денес ќе прославиме, а од утре ги започнуваме подготовките за формирање на влада. Им благодарам на граѓаните кои го искористија своето право на слободно гласање. Масовното учество на граѓаните се претвора во Национален празник“, рече тој. Самоопределување моментално води со 175.679 гласови пред  ЛДК со 168.647 гласови.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...