Истражувањето на научниците во Шкотска покажало дека ни е доволен еден вид внатрешен глас кој би ни помогнал помалку да ни е здодевно кога ќе се најдеме во здодевно окружување.

Дали ви е здодевно? Станува збор за чувство кое покажува нарушена рамнотежа меѓу желбите и реалноста, поточно дека човекот не е во состојба да задоволи некои свои многу важни желби.

Денес ни е здодевно на поинаков начин од порано. Не постои „универзална“ здодевност која би ја означувала монотонијата воопшто, туку станува збор за губиток на времето кое се повеќе ни недостасува, па затоа и не забележуваме дека ни било здодевно. Денес, на пример, кога на  човекот му е здодевно, тој веќе не гледа  во таванот во една точка, туку  во телевизорот или во екранот на компјутерот. Така поминува времето, без исполнување на желбите.

Психолозите заклучиле дека вистинскиот извор на здодевност се здодевните луѓе, па затоа ни е најздодевно кога ќе се најдеме во друштво на здодевни луѓе. А нив ги има насекаде – во училиште, на факултет, на работа.

Од здодевното предавање на професорот „очните капаци буквално паѓаат“. А вработените неретко дремат чекајќи шефот да им даде  интересна задача или да ги викне на состанок.

Ако и вие се наоѓате во групата луѓе кои се досадуваат затоа што луѓето околу нив се здодевни, знајте дека не сте осамена.

Докторот Бо Јао, од Институтот за неврологија при Универзитетот во Глазгов во Шкотска прашал: „Како да ни биде помалку здодевно?“ Со години ја проучувал човековата психа и дошол до заклучок дека доволно си помагаме самите себеси за да не „умреме од здодевност“.

Еве до каков заклучок дошол во своето истражување – кога сме приморани да слушаме, поточно да помниме нешто што воопшто не нè интересира, мозокот употребува една мала стапица. Тој, на еден начин, го снима изворниот глас и го заменува со внатрешен глас со цел тоа што го слушаме да ни е поинтересно. Професорот Јао подложил 20 свои студенти на магнетна резонанца во миговите кога им биле читани предавања. Тие предавања првиот пат им биле читани со едноличен глас и суштински биле еднолични.

Следниот пат предавањето било изговарано со жив, скоро актерски глас и било напишано многу поинтересно. Се покажало дека мозочната кора била значително поактивна кога предавањето било здодевно. За невролозите тоа е потврда за постоењето на таканаречен внатрешен глас кој ни дава поттик и ја заменува здодевната приказна со пожива.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...