Денеска имавте потешкотија да се разбудите, не можевте да отворите очи, не сакавте да станете од кревет? Има причина зошто е тоа така.

Ако треба да станете во 7 наутро, а притоа денот ви е исполнет со обврски и треба да бидете одморени, во тој  случај треба секоја вечер во точно време д си легнувате.

Ви се случило ли некогаш да си легнете порано со цел да станете наспани и одморени, а сепак кога ќе се разбудите заморот да биде присутен? Тоа значи дека сами на себе си го наметнувате одморот и тоа ве прави уморни. Делува контрадикторно, но е точно.

Стручњаците имаат смислено калкулатор за сон, така што во зависност од тоа кога треба да се разбудите следниот  ден, ова помагало може да пресмета колку сон ви е потребен, односно кое време треба да си легнете вечерта.

Како што пишува Дејли Мирор, фактот што треба да станете многу рано, не значи дека мора да легнете рано. Тоа е индивидуална работа.

Спиењето не треба да се смета за активност од осум часа, туку повеќе како циклус од 90 минути.

ЗА ВРЕМЕ ЗА СЕКОЈ ЦИКЛУС, ТЕЛОТО ПОМИНУВА НИЗ 3 ФАЗИ КОИ СЕ КЛУЧНИ ЗА ОДМОР: ЛЕСЕН СОН, ДЛАБОК СОН И REM ФАЗА ВО КОЈА СОНУВАМЕ.

За да се разбудите одморни, будилникот мора да го наместите да ве разбуди на крајот на еден циклус. Ако спиете повеќе од 8 часа, а сепак се будите уморни, тоа значи дека сте се разбудиле на средина на еден циклус.

Калкулаторот за сон предвидува дека на луѓето во просек им се потребни 14 минути да заспијат откако ќе легнат во креветот. Според тоа, ако Вашиот аларм е наместен на 7 часот наутро, во тој случај треба да си легнете во 21:46. Ако пак тогаш не стигнете, следниот термин кој би бил идеален за спиење е 23:16. Но, ќе се случи и да останете будни после полноќ, а сепак ќе треба да станете во исто време.  Според пресметките, доволно свежи ќе се чувствувате ако легнете во 00:46 или 2:46.

Ако пак треба да станете уште порано, на пример во 6 часот, тогаш идеални термини за легнување се 20:46, 22:16 и 1:16am.

За да се наспиете убаво не значи да си легнете многу рано, туку да го сторите тоа во вистинско време. Со други зборови, можно е да се наспиете и за 4,5 часа.

Вечерва, наместете два аларми на будилникот: едниот за легнување, а другиот за станување и ќе ја почувствувате разликата.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...