Поранешниот возач во Формула 1 и трикратен светски шампион, легендарниот Ники Лауда, итно е пренесен во болница во Австрија откако драматично му се влошила здравствената состојба. Неговата хоспитализација се очекува да трае најмалку 7 дена.

Минатото лето на Лауда (69) му беше извршено пресадување на белодробно крило, а по интервенцијата лекарите предупредија дека и најмала настинка може да му направи сериозни проблеми. Австриските медиуми пренесуваат дека денеска е хоспитализиран поради компликации од грип.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...