1909-тата година е позната по емитување на првата радио емсија. Истата година Јована Орлеанка од страна на Папата е прогласена за светица и истата година настанува и светски познатиот бренд „Morgan and Selfridges“.

Во чест на овој јубилеј автомобилскиот бренд „Morgan“ последниот модел го нарече EV3 1909 Edition, а го изработи со луѓето од компанијата „Selfridges“. Новиот „Morgan EV3“ ќе биде лансиран за време на настанот „Salon Prive concours d’Elegance“ кој ќе се одржува од 1-ви до 3-ти септември оваа година.

Карактеристично за изгледот на новиот модел на „Morgan“ е британскиот оригинален изглед.  Автомобилот слави 107 години со 19 примероци на класичен електричен автомобил со три тркала.

Под хаубата на ова специјално издание е електричениот мотор кој во текот на едно полнење обезбедува поминување на 193 -241 километри со максимална брзина од 145 km / h – исто како и на редовниот модел EV3. Неговата каросерија претрпе поголеми промени, но со врвни резултати.

Автомобилот има бронзени детали изработени од компанијата „Selfridges“, а неговиот ентериер е изработен од дрво со акцент на алуминиум. По неговото лансирање на „Salon Prive“ – футуристичкиот автомобил ќе биде изложен во „Selfridges“ во Бирминген на 1- ви октомври, а потоа во лондонската продавницата на „Selfridges“ во Оксфорд.
На изненадување на љубителите на автомобили ќе биде достапен за неверојатно ниска цена од 52.500 фунти.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...