Локид Супер Констелацион е прекрасен авион, класичен американски модел од педесетите со елегантни облини и моќен погон. Но, иако Супер Кони е оставен да фаќа рѓа во калливо поле во Југоисточна Азија веќе 25 години, ова не е крај на приказната. Овој авион има посебно место во историјата на австралиската авиокомпанија Квантас. Властите на аеродромот на Филипини решја да го стават Супер Кони на аукција и тоа го привлече вниманието на Музејот на Квантас. Потребни се 545.000 долари за реставрирање, значителна сума за музејот кој е непрофитна организација и која има за цел да ја зачува и прикаже историјата на Квантас, една од најстарите авиокомпании во светот. Супер Кони се очекува да стане главна атракција во музејот.

Loading...

Shpërndaj me