Политичката партија Левица денеска до Уставниот суд достави иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за распишување на референдумот. Преку оваа иницијатива, оваа партија бара поништување на одлуката која ја донесе Собранието. Според оваа партија, постојат многу причини за да се прекинат сите активности поврзани со референдумот, бидејќи бил во спротивност со Уставот, Законот за референдум и меѓународните стандарди.

Ако и покрај оваа иницијатива на 30 септември сепак референдумот се одржи, оваа партија ќе бојкотира, но ќе го набљудува процесот. Инаку, Левица го брани ставот ЗА интеграција на Македонија во ЕУ, но е против членство во НАТО. Во меѓувреме и покрај бројните критики, од ВМРО-ДПМНЕ сè уште не одлучиле дали ќе бојкотираат или ќе гласаат против на референдумското прашање за членство во ЕУ и НАТО преку прифаќање на договорот за името со Грција… Од друга страна, најголемата грчка опозициска партија, Независни Грци, најави дека ќе го напушти Парламентот и Владата на денот кога договорот за името би бил ставен пред пратениците за ратификување, фаза што ќе следи само ако Скопје спроведе успешен референдум и ако потоа ги направи и потребните уставни промени.

Анеса Салиху

Shpërndaj me