Еден од најдобрите кошаркари во светот Леброн Џејмс и официјално потпиша договор со Лос Анџелес Лејкерс за четири години. Оваа соработка ќе му обезбеди приходи од 153 милиони долари. „Кралот“ минатата сезона имаше просек од 27,5 кошеви по натпревар. Џејмс за време на неговата кариера има облечено дрес само на два тима, односно Мајами и Кливленд, додека со американската репрезентација има освоено две олимписки златни медали.

Shpërndaj me