Мнистерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, вели дека ниедна од 28-те земји-членки на ЕУ не била против отворање преговори со земјава на вчерашниот состанок на Советот за општи работи во Луксембург. Со ова Лајчак го демантира екс-шефот на дипломатијата Милошоски кој тврди дека неколку земји-членки биле против старт на преговори со земјава.

„Немаше ниту една земја, меѓу 28 членки, која кажа -не, не треба да ја поканиме С. Македонија. Мнозинството членки кажаа дека ќе го сториме тоа. Не можеме сега поради внатрешните процедури во Германија, но ако нешто негативно, неочекувано, не се случи до октомври, јас очекувам да се одреди покана за старт на преговори во октомври“, изјави Лајчак.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...