Опозициската Лабуристичка партија во Велика Британија ги повика побунетите пратеници од владејачката Конзервативна партија да ѝ помогнат да ја урнат владата на премиерот Борис Џонсон и да  спречат излез на земјата од ЕУ без постигнат договор. Идејата е да се формира нова влада предводена од лабуристичкиот лидер, Џереми Корбин.

Премиерот Џонсон вети дека на 31 октомври ќе ја извади Британија од ЕУ, без разлика дали ќе биде постигнат договор со Брисел или не. На таквиот став се спротивставија и повеќемина пратеници од владејачката партија.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...