Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека за време на претседавањето на Австрија со ЕУ сака да даде придонес за решавање на споровите на Западен Балкан.

„Во тој регион има неколку конфликтни теми помеѓу различни држави, што е разбирливо бидејќи пред пар децении таму имаше воени конфликти“, изјави Курц.

Тој нагласи дека е важно отворените прашања конечно да се решат.

„Ќе се обидеме да дадеме свој придонес во решавањето на прашањата“, рече австрискиот канцелар.

 

 

Shpërndaj me