Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш го поднови возниот парк на општината со два нови автомобила. Изборот паднал на францускиот бренд Цитроен – Ц4 Кактус и Ц3 Фил. Возилата се обезбедени преку оперативен лизнг а Шуто Оризари ќе ги користи во следните пет години. На тендерот имало само една понуда – на фирмата Автонова. За двата Цитроена од општинската каса ќе се потрошат 32 илјади евра. Двете возила ќе бидат металик боја. Ќе имаат фабрички вградени радија со 7 инчен монитор осетлив на допир, но и задни лед светла со 3Д ефект. Помалиот модел на Цитроен Ц3 чини 14 илјади евра додека поголемиот Ц4 Кактус чини 18 илјади евра. Став за потребата од нови автомобили, побаравме од градоначалникот кој е и потписник на договорот за набавка на возилата. Курто Дудуш првично обајсни дека претходното раководство набавило исти вакви Цитроени. Кога тој седнал во градоначалничката фотелја, автомобилите биле искршени и недостојни за возење. На прашањето дали буџетот на општината е во кондиција за да се обновува возниот парк, Дудуш го смени тонот. Во прашањата зошто се набавуваат возилата препозна омаловажување на ромскта заедница.

Немам јас време за вакви работи. Дадовме две стари возила од истата марка и земавме две нови. Не ме барајте веќе за вакви работи – изјави Курто Дудуш, Грдоначалник на Шуто Оризари.

Во буџетот на Шуто Оризари за тековнава година, зацратана е ставка купување на возила и за тоа се наменети 2,5 милиони денари. Шутка инаку е една од најсиромашните општини во Скопје. На последните локални избори градоначалничкото место по долги години предјде во рацете на СДСМ и коалицијата. Стартот на мандаот на новата администрација предводена од Курто Дудуш го одбележа апсењето на Суад Мемеди вработен во општината. Тој според полицијата и обвинителството земал мито од 1000 евра за да се донесе решение за легализирање дивоградба.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me