Собранието на Косово гласаше со 82 гласови „за“, 32 „против“ и еден „воздржан“, за иницијативата за недоверба на Владата предложена од владиниот коалициски партнер ДКС на Иса Мустафа. По гласањето на недоверба на Владата на Курти, кога и Косово е зафатен со коронавирусот, има неколку различни можности за развој на работите. Да продолжи со работата сегашната Влада, да се избере нова Влада или да се одржат нови парламентарни избори, што се чини невозможно во време на пандемија.

Претседателот може да побара од „Самоопределување“ како победничка партија на последните избори да го даде името на новиот мандатар за премиер. Но, исто така, да седне на маса со сите политички партии и да најдат решение за кандидат за премиер. Премиерот во заминување, Албин Курти на социјалните мрежи порача дека ќе продолжи работата како Влада на должност.

„Беше неопходен пад за потребно подигнување. Без уривање на Владата како состав, управувањето не може да опстане како содржина. Не дека тоа го знаевме, сепак го дознавме. Вчерашната седница на Собранието би било добро да се запамети долго. Сепак, тоа нема да се случи така, затоа што ние ќе победиме. Значи, иднината е наша, додека ќе избегнеме една трагедија“, рече Курти.

„Откако синоќа падна коалицијата Самоопределување – ДСК со гласање на недоверба со над две третини од пратениците, останува на волјата на актуелниот премиер господинот Курти, дали ќе продолжи да работи со нив за време на овој итен случај, сè додека не биде избрана следната влада, или ќе направи други постапки, како што го ослободи Авдулах Хоти од позицијата прв вицепремиер синоќа пред полноќ“, рече Мустафа.Лидерот на ДСК, Иса Мустафа изјави дека неговата партија нема еднострано да ги повлече министрите и замениците министри од должностите во Владата во оставка.

Предлогот за недоверба беше поддржан од опозициските партии. Но, претседателот на Собранието, Вјоса Османи, беше против ставот на ДСК. Таа гласаше против желбите на својата партија, и покрај обвиненијата.

„Но, принципот го покажува вистинскиот пат, дури и кога е полн со трње. И, не се двоумам да чекорам по нив да ја направам евидентна светлината, дури и ако таа не ја разберат некои краткоумни кои ме обвинуваат дека сум го предал ДСК и барат мое заминување од партијата“, рече Османи.

Иницијативата на ДСК за недоверба на Владата на Курти доби остри критики од разни меѓународни претставници. Известувачот за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, на Твитер ја нарече косовската политичка класа „тотално неодговорна“.

Мефаил Исмаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...