Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека „мини Шенген“ е намера на Србија да формира четврта Југославија и смета дека таквата идеја претставува опасност.

– Балканскиот мини Шенген не е реалност, туку повеќе е идеја. За соработката на шесте земји од регионот ја имаме рамката на Берлинскиот процес. Во таа смисла нема ништо ново, рече синоќа Курти во емисијата Рубикон на КТВ.

Тој не ја исклучи можноста да присуствува на следниот состанок на балканскиот мини Шенген, но додаде дека е малку веројатно таквата одлука да биде донесена во неговиот кабинет, објави „Косово онлајн“.

– Мора да разговараме за сè во Владата на Косово. Мора да почекаме документирање на оваа идеја и ќе развијам некои прелиминарни контакти пред да одам на четвртата средба, рече тој.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...