Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти, недолго откако во Собранието беше изгласана недоверба на неговиот кабинет, го разреши од должноста првиот потпретседател на Владата Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението кое кабинетот на Курти го испрати до медиумите синоќа по полноќ, се наведува дека, согласно неговите законски и уставни овластувања, премиерот Курти донесе одлука „г. Авдулах Хоти да се ослободи од функцијата вршител на должноста прв вицепремиер“.

Разрешениот вицепремиер е член на раководството на Демократкиот сојуз на Косово (ЛДК), партијата на чија иницијатива доцна синоќа Собранието со мнозинство гласови му изгласа недоверба на Курти и неговата Влада.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...