Утре ќе се одржат првите полуфинални натпревари од Купот на Македонија. Едниот пар се двете екипи од Тетово, Шкендија и Ренова кои имаат иста цел – да влезат во финалето.

Утре е празник за Шкендија затоа што дербито меѓу Шкендија и Ренова е големо, да кажеме албанско дерби и мислам дека ќе биде тежок натпревар. Тоа е дерби во Купот на Македонија во полуфиналето и мислам дека утре ќе победиме и ќе ја задоволиме публиката на Шкендија“, изјави Егзон Бејтулаху, фудбалер на Шкендија

За тимот од Џепчиште, патот за пласман во Лигата Европа е пократок преку овие натпреварувања.

Ова е натпревар каде Шкендија е голем фаворит против нас. Тие се во добра форма. За да ја елиминираме Шкендија треба да одиграме два совршени натпревара, би рекол без грешки и да имаме многу среќа“, вели Фисник Нухиу, фудбалер на Ренова

А, како Шкендија, така и Ренова по еден пат го имаат освоено овој трофеј, со тоа што “црвено-црните” се во потрага по пласман во петто финале. Во вториот натпревар, во Битола ќе играат Пелистер и Академија Пандев. Двете средби ќе започнат во 14 часот. ФФМ предвиде реваншите да се играат на 11 април, а големото финале на 9 мај.

Сафет Адеми

Shpërndaj me