Во Куманово во последните 24 часа се регистрирани нови три случаи на заразени од КОВИД-19. Беа направени 7 тестирања од кои само еден беше позитивен. Со ова бројот на заразени во Куманово е 11, вклучително и 57 годишната жена која почина пред некој ден.

Меѓу заразените е и лекарот специјалист од одделот за инфективни болести во Куманово, Азиз Бајрами. Тој на социјалните мрежи објави дека е позитивен и побара да се почитуваат сите мерки и препораки на властите за поефикасно справување со пандемијата.

„Денес по направениот тест резултирав позитивен на Ковид-19 без симптоми, но според протоколот за заштита, јас сум изолиран дома. Ја користам приликата да апелирам до сите вас да ги почитувате препораките на властите. Непочитувањето на мерките не оди во прилог на лекарите кои секој ден се соочуваат со овој невидлив непријател, но не оди ни во ваша полза“, вели  Азиз Бајрами, Инфектолог.

Градоначалникот Максим Димитриевски бара градот да се стави целосно во карантин. Зборувајќи за мерките кои се во сила, Димитриевски бара од Комисијата за здравство и од Институтот за јавно здравје поголем број инфектолози за да помогнат во кумановската болница.

Според последната владина одлука, во Куманово од денеска во прекин е јавниот градски и меѓуградски сообраќај. Трговските центри се затворени, а на локалите кои служат храна им се препорачува да ги ставаат во функција услугите по нарачка.

Адриан Керими

Loading...

Shpërndaj me

Loading...