Со една минута молчење и гласни барања за меѓународна истрага рочиштето во Апелациониот суд на кое се разгледува жалбата за случајот Дива Населба се претвори во вербален конфликт меѓу обвинетите и судот.

Обвинетите имаат две главни барања.

Барања на Кумановската група:

Бараме да дојдат сите сведоци кои ги предложивме, а кои се замка за случајот Куманово. Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Митко Чавков, Стојан Ангелов, Ѓорге Иванов, Али Ахмети, Муса Џафери, Бекир Асани, Ејуп Алими, Ариф Асани, Шенаси Мехмети, Садула Дураку, Земри Ќамили и Бесир Дехари.

Бараме да се објават видео-снимките од 9 и 10 мај од борбите снимени од камерите на специјалните полициски сили, а кои снимки ги поседува судот. Таму ќе се расчисти дилемата дали Бег Ризај, Мирсад Ндрецај, Самид Кастриоти и Валон Кабаши се убиени во борба или откако биле уапсени.“

По тензиите, дел од обвинетите на чело со Генц Сефај и Валдет Зекај ја напуштија судската сала. Другите заминаа во знак на солидарност со нив. Адвокатите кои останаа на рочиштето го слушнаа обвинението. Него, како што рекоа, оружената група не го прифаќа и од Владата побараа да го одржи зборот за расветлување на мотивите за кумановските борби.

„Вие добро знаете дека кога нема убиени или ранети цивили не може да стане збор за тероризам. Во овој случај кумановската група ги заштити цивилите“, рече адвокатот Насер Рауфи.

„Тие немаат доверба во овој суд и бараме меѓународна истрага со цел да се дознае вистината за тоа што се случи на 9 и 10 мај во Куманово. Овие момци и јавноста да ја дознаат вистината“, рече адвокатот Мефаил Арслани.

Со првостепената пресуда 33-та членови на Кумановската група беа осудени на 746 години затвор. Седуммина добија доживотен затвор, 13 – по 40 години, шестмина беа осудени на по 20 години, еден на 18 години и двајца на по 14 и 13 години затвор. Жалбеното рочиште продолжува во петок со отфрлање на обвинението од страна на одбраната.

Адријан Керими

Loading...

Shpërndaj me



Loading...