Ова е местото каде болните би требало да се излечат. Наместо тоа, таа е предизвикувач на сериозни заболувања. Кумановската болница се смета за еден од најголемите загадувачи во градот. Целиот комплекс и натаму се загрева со мазут. Енергенсот кој се користи е најголем загадувач на воздухот. Според податоците тоа придонесува за прерана смртност кај 3.000 лица на годишно ниво во нашата земја. Граѓаните се свесни за проблемот и бараат институциите посериозно да се зафатат со неговото решавање.

„Поради загадениот воздух се разболевме и сега одиме во болници за да се опоравиме. Што најмногу ве мачи? Имам проблеми со дишењето, се гушам од загадениот воздух. Каде мислите дека лежи проблемот ? Не знам, можно е фирмите да бидат виновни за неисполнување на еколошките стандарди и употребата на мазут. “

 Од раководството на кумановската болница велат дека единствен спас е поврзувањето со системот за гасификација, а додека тоа не се стори, барем да се инсталираат нови филтри на старите оџаци.

 „Процената на трошоците од студијата пред инвестицијата е околу 200.000 евра. Добивме потврда од министерот за здравство, дека е одобрен проектот за изградба на котел на природен гас, и го започнавме овој процес на начин како што првично доставивме барањето до ЈП „Куманово-Гас“ за да добиеме согласност за приклучување на системот за гас “.

Инаку, во земјава има вкупно 17 болници кои се греат на мазут, чиј чад испушта огромни количества ПМ10 честички во воздухот. Од Министерството за здравство велат дека освен болницата во Куманово, на приоритетната листа се Струмичката болница и Гинеколошката клиника во Чаир. За Чаир велат дека е завршена постапката за јавна набавка за инсталирање на котел на природен гас и за системот за гасификација. Тендерот од 240.000 евра го добила компанијата „Енергосистем“, која штом ќе го потпише договорот ќе започне со работа.

Аднан Ќаили

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...