Во рамки на проектот „Подигни ја својата свест, пријави корупција, биди одговорен”, поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, се одржа втората работилница за членовите на Синдикатот на УПОЗ

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), вчера (12 февруари) ја одржа својата втора работилница во Куманово, наменета за членовите на Синдикатот од Североисточниот плански регион.

На работилницата присутни беа околу 50 учесници од повеќе синдикални организации, односно вработени од Основен суд Куманово, Општина Куманово, Агенција за вработување на РСМ, Управа за јавни приходи, Основно јавно обвинителство, Општина Крива Паланка и Државен завод за статистика.

На работилницата на тема „Подигни ја својата свест, пријави корупција, биди одговорен” присутните учесници имаа прилика одблиску да се запознаат со темата за корупција и можните судири на интереси, но и со заштитните законски механизми и начини за препознавање и пријавување на корупцијата.

Всушност, целта на работилницата, но и на целиот проект, е пред сѐ да се информираат членовите на Синдикатот на УПОЗ за корупцијата и судирот на интереси, но и да се зголеми свеста за последиците од корупцијата и да се овозможи зајакнување на заштитните механизми. За таа цел, за потребите на работилниците се ангажирани експерти од оваа област кои ги презентираа достапните институционални механизми и индивидуални одговорности во спречување на корупцијата, истовремено охрабрувајќи ги членовите на Синдикатот за пријавување на секаков вид корупцијa.

Инаку овој проект е поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, а во рамки на истиот предвидени се вкупно девет работилници во планските региони во земјава од кои и една завршна конференција во Скопје.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...