Нострадамус бил астролог, лекар и алхемичар. Но, во светот станал познат по своите пророштва. Тие се исполнувале во минатото, ама и сега, со огромна прецизност.

Пред вас е кругот на Нострадамус. Затворете ги очите и поставете си прашање кое ве интересира. Со прст допрете на екранот и бројката што ќе ја добиете ќе ви го даде одговорот.

Одговори:

1.Да, вие им припаѓате на оние луѓе што не губат присебност дури и во најтешките ситуации. Затоа не кревајте раце од решавањето на своите проблеми, бидејќи сте трпеливи и издржливи. Ве очекува успех. Верувајте и во себе и во другите.

2.Да, ама не денес и не утре. Некој ви стои на патот и се обидува да ве збуни. Не го сфаќајте премногу сериозно. Но не го потценувајте ни тој отпор. Избегнувајте конфликти. Обидете се да најдете позитивно решение за својот проблем.

3.Да, случувањата во следните денови ќе ги надминат вашите очекувања. Ако ја искористите паметно својата енергија, наместо да ја трошите на неважни работи, ќе создадете предност. Во секој случај, имајте трпение, во однос на себе, ама и кон другите.

4.Да. Во овој момент ви се насмевнува среќата. Не се сомневајте во позитивен исход. Среќата ќе ве следи уште долго. Уживајте во овие среќни недели.

5.Точно. Во овој момент обрнувате премногу внимание на мислењето на другите и затоа пропуштате пријатна ситуација. Не чекајте предолго, дајте им до знаење на другите дека мора да ве почитуваат вас и вашето мислење. Малите игри можат да ве збунат и ѝ штетат на заедничката доверба.

6.Работите ќе одат потешко од очекуваното. Тргнувате од погрешни претпоставки. Други луѓе ве гледаат во сосема поинакво светло. Затоа мора да послушате совет од некој близок.

7.За сега нема решение. Дајте си време и не се оптоварувајте со нови проблеми. Подоцна ќе се реши сè.

8.Внимателно. Не верувајте во сè што ќе ви кажат. Држете дистанца во некои работи. Денеска сè ви делува поповолно отколку што е навистина. Внимавајте ако не сакате да почувствувате разочарување во иднина.

9.Нема сомнение. Ама ќе ви треба помош. Поразговарајте на оваа тема со некој близок.

10.Да, ама немојте да се доведете во заблуда. Покажете повеќе самодоверба и сигурност, и тогаш работите ќе дојдат во совршен ред. Потпрете се на својата интуиција.

11.Прерано го поставувате ова прашање. Не е моментот за ова. Бидете попустливи. Ќе ве ценат заради тоа.

12.Можно е. Работите напредуваат побрзо и во попозитивна насока отколку што мислевте. Не дозволувајте да оставите впечаток на незаинтересираност.

13.Работите не одат по планот. Вие делувате неодлучно. А тоа им создава дилеми на некои ваши пријатели. Верувајте, можете повеќе од она што мислите.

14.Сè ќе биде добро ама само ако покажете активност. Не ги одложувајте работите. Преземете иницијатива самите.

15.Да, можете да се потпрете на својата среќа. Ве очекува позитивно поместување нанапред. Не мора ништо да измислувате, само да исчекувате. Ако избрзате, работите ќе завршат неповолно.

16.Вашата желба ќе се исполни, но сосема поинаку од очекуваното. Затоа бидете подготвени за промени и не се концентрирајте само на една цел.

17.Прашањето е и понатаму отворено. Внимателно размислете за своите желби, бидејќи чувствата не ви се созреани до крај. Слушајте го внатрешниот глас.

18.Можни се потешкотии и разочарување, ама тоа не значи дека нема шанса. Разочарувањето ќе ви даде поттик да тргнете напред.

19.Ослободете се од сомнежите ако сакате да ви се исполни желбата. Ако сте многу скромни и несигурни, среќата ќе ве заобиколи.

20.Да, во овој момент среќата е на ваша страна. Затоа нема ни една причина да се сомневате во поволен резултат. Долго ќе уживате во среќниот период.

21.Да. За конечно постигнување на целта треба да вложите уште само малку труд. Бидете храбри и ризикувајте – само така ќе успеете.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...