Преубавата манекенка Криси Тајген наскоро ќе се породи и ќе стане мајка на синче.

Со приближувањето на терминот за породување, супермоделот се повеќе ја известува јавноста за сите детали од бременоста, а особено ужива да разменува совети со другите млади мајки.

Откако призна дека во првите шест месеци од бременоста се здебелила 17 килограми, пред неколку дена се пожали дека продолжува да ја зголемува телесната тежина. Таа на твитер напиша дека дури нејзиниот нос го променил обликот.

Криси е позната по нејзината отвореност и искреност кон фановите, па често ги открива и најинтимните детали од животот.

 

Shpërndaj me