СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.В.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавената, поранешен извршител именуван за подрачје на Основни судови Куманово, Крива Паланка и Кратово со седиште во Куманово, во периодот од 27.12.2018 до 31.12.2018 година, во два наврати ја злоупотребила службената положба и овластување. Првиот пат при примање на Решение од 26.12.2018, доставено од Комора на извршители на РСМ, за изречена привремена забрана за вршење на должноста-суспензија, таа на 27.12.2018 од посебна сметка во банка префрлила 130.000 денари на нејзина редовна сметка во банката, без претходно образложение по кој основ се префрлени овие парични средства. На 31.12.2018, пријавената на ист начин префрлила уште 8.000 денари или вкупно 138.000 денари и за тој износ ги оштетила доверителите на кои по разни основи им легнале овие парични средства на посебна сметка и за кој износ требало да бидат исплатени од пријавената.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...