Обвинението за случајот „Талир“ на СЈО кое се однесува на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ е прифатено во целост, информираа од Кривичниот суд. Со обвинението се опфатени Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска. За истото дело, „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како правен субјект со обвинението опфатена е и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

-Советот за оценка на обвинителен акт при Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по оценка на обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите во предметот од обвинителството означен како „Талир“ за незаконско финансирање на правно лице – политичка партија, по одржана јавна седница во присуство на странките, донесе решение со кое обвинителниот акт го одобри во целост, соопшти Кривичниот суд.

Loading...

Shpërndaj me