Кремљ го позрави почетокот на “директниот дијалог” меѓу САД и Северна Кореја по првата средба меѓу Доналд Трамп и Ким Јонг Ун.

Истовремено, од Москва предупредија и дека севернокорејската криза не може да се реши за еден час.

“Може само да се поздрави фактот дека средбата се случи”, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитирј Песков.

“Какви и да се резултатите од тие состаноци, тие несомнено овозможуваат смирување на тензиите на полуостровот, а тоа не може да не предизвика задоволство”, додаде Песков.

Тој посочи дека се работи за доста комплицирани прашања и дека би било грешка да се помисли дека сите тие долгогодишни проблеми ќе бидат решени за еден час.

 

 

Shpërndaj me