Во Велес денеска успешно се изведе крводарителската акција во организација на Мото клубот „Носачи на крстот“, Црвен крст и Општина Велес, а беа собрани вкупно 153 крвни единици.

Како што информира Орце Николов од ООЦК Велес, од вкупно 153 крводарители, 124 биле мажи, а 29 жени. Денеска првпат крв дарувале 13 нови млади крводарители, кои со овој хуман чин влегле во Друштвото на хуманите.

Оваа акција традиционално се одржува 12-ти пат во соработка со ЈЗУ Центар за трансфузиона медицина од Скопје, и две медицински екипи предводени од докторите Бојан Тодоровски и Анита Петковска.

Крводарителската акција беше последна содржина од програмата на Општина Велес по повод 9-ти Ноември – Денот на Општина Велес.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...